ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.05.2023
Матурантите сепак полагаат државна матура
Автор: Goce Author

Матурантите и покрај сите проблеми пред се штрајкот во ДИЦ, денеска започнаа со полагање на државна матура.

Овој исход е резултат на тоа што вработените во ДИЦ одлучија да го прекинат штрајкот, откако Владата најави дека ќе ангажира наставници за да се реализираат испитите.

Матурантите денеска го полагаа првиот од двата екстерни испита – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни ќе се полага вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

Ќе се прифатат барањата за државната матура што имаат законска основа, вели министерот Јетон Шаќири

Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик  – 29, Германски јазик – 122, Руски јазик – 17, Естетика – 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Согласно договореното меѓу МОН и Сојузот на средношколци, полагањето на државната матура е олеснето со намалување на обемноста на тестот по Мајчин јазик односно помалку прашања во содржината на тестот, кој ќе носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени.

Покрај ова, прифатени беа барањата на Сојузот на средношколци за промена на соодносот на поените што ги носат екстерните и интерните испити од државната матура при уписот на факултет, а првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми.

Јазикот не поврзаува со светот
Реформа во Агенцијата за квалитет во високо образование