ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.05.2025
Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Автор: Goce Author

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска испрати важна порака до сите матуранти: Прославете паметно и безбедно!

Секоја година, токму за време на матурските прослави, се зголемува бројот на сообраќајни несреќи во кои често учествуваат млади – матуранти. Дел од нив завршуваат со сериозни повреди, а има и случаи со трагичен крај.

Затоа, еве неколку важни правила што треба да ги имаш на ум:

  • 🚫 Не вози на матура – оди со такси, родител или организиран превоз.
  • 🍻 Без алкохол – слави со свест, не со ризик!
  • 💊 Заборави на дрога – не ѝ припаѓа на ниту една прослава.
  • 😎 Почитувај ги другите – без караници, инциденти и нарушување на јавниот ред.

Од МВР порачуваат: „Одговорноста е кај вас, но и кај вашите родители. Матурата треба да биде спомен за цел живот, не причина да се изгуби животот.“

Направи ја оваа вечер незаборавна – не по трагедија, туку по добра музика, смеење со друштвото и фотки што ќе ги паметиш со години!

Од МВР изработиле и видео со кое ги повикуваат младите, но и нивните родители на разумна прослава.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?