
Многумина си го поставуваат прашањето дали вакцините штитат од зарази. Често се гледаат и слушаат примери на луѓе кои и покрај тоа што се вакцинирани со две дози на вакцината сепак се заразуваат од болеста.
Денес министерот за здравство, Венко Филипче, уште еднаш ја уверуваше македонската јавност дека вакцините се единствениот излез од Ковид кризата.
Анализата на министерството вели дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните лица кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани.
Министерот Филипче посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата меѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.

Фото: Фејсбук профил Венко Филипче
– Вакцинацијата против Ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. #ВакцинирајСе! Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас, напиша Филипче.