ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.04.2024
Меѓуврсничко насилство постои, потребна навремена реакција
Автор: Goce Author
Меѓуврсничкото насилство се повеќе се случува во различни форми, и ако учениците не го препознаат и не реагираат, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе жртви на овој вид насилство, посочуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ која денеска промовираше Водич за превенција и справување на насилството во училиштата.
– Ако учениците не го препознаваат насилството и не реагираат на него, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе деца жртви на насилство. Водичот за превенција е уште една алатка, добра алатка што ја препорачувам и до Бирото за развој на образование, МОН, за да биде што е можно подостапен до сите. Целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се се биде соучесник, нагласи претседателот и основач на „Меѓаши“ Драги Змијанац.
Тој појасни дека станува збор за практични совети, имајќи во предвид дека некогаш и зборовите можат да повредат и да остават трауми. Неопходно е, додаде, стручните служби навремено да реагираат за да има клима на солидарност и емпатија, учениците да имаат доверба во нив и да пријавуваат евентуално насилство. Дополнително стигматизирање и виктимизирање на жртвите на насилство, нагласи, се случува, кога насилството се снима и дистрибуира на социјални мрежи на интернет.

Меѓуврсничкото насилство потекнува од нов смисол за хумор, црн хумор

– Неопходно е насилството навремено да се препознае и веднаш да се реагира. Во спротивно, тоа може да трае. Во тој случај, некое дете евентуално може да си го одземе и животот, ако не може повеќе да го издржи насилството, предупреди Змијанац.
Светлана Аспровска Тодоровиќ, училишен психолог во СУГС „Георги Димитров”, рече дека стручната служба во училиштето треба да биде како медијатор меѓу наставниците, родителите и учениците.
На прашањето дали доволно се слуша гласот на учениците во училиштата и дома и што е тоа што ги провоцира учениците да манифестираат врсничко насилство, Вероника Петрова, ученичка во СУГС ,,Георги Димитров”, рече дека меѓуврсничкото насилство потекнува од, како што посочи, нова смисла за хумор, црн хумор.
– Постои меѓуврсничко насилство. Се чувствуваме заштитено од стручните служби, иако, главно, има една негативна асоцијација од страна на младите, кога се во прашање тие служби дека тие служат само за критикување на учениците поради различни причини. Меѓуврсничкото насилство сметам дека потекнува од нов смисол за хумор, црн хумор. Лично, стручната служба ја гледам како безбеден простор, каде младите можат да ги кажат мислењата и проблемите. Тие служби можат многу да помогнат – рече Петрова.
(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат