ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.09.2023
Mediamocracy кампот е можност за вмрежување на младите новинари

Mediamocracy кампот е традиција која се одржува веќе пет години по ред, по иницијатива на Deutsche Welle Akademie низ проектот ”Young Media” и со техничката поддршка на КОМС, кој има за цел да ги спои младите потенцијални новинари од Западен Балкан. Кампот нуди простор за едукативно-забавни настани, како и можност за вмрежување помеѓу младите од државите Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Целта на кампот е младите да добијат некои нови вештини во контекст на медиумската писменост. Учесниците на кампот се занимаваат со новинарство, креирање содржини за социјални мрежи, снимање, фотографирање, проверка на факти и слично. По пет многу интензивни дена, сите овие млади луѓе се враќаат во своите градови полни со впечатоци, но и со новостекнато знаење што веднаш можат да го применат во училиштата, факултетите или нивните младински медиуми работејќи во партнерство со Академијата на Дојче веле од Германија, како и KOMS, Young Media Network, Lokal press или Здружението за медиуми од Србија.“, вели Владимир Марковиќ-Луни, еден од тренерите на кампот.

Гоце.мк веќе втора година по ред е дел од кампот          

YMN со стратегија да стане препознатлива за младите од регионот

Како дел од Yound Media Network и преку соработката со Дојче Веле, тимот на Гоце.мк веќе две години по ред е дел од кампот. Оваа година кампот се одржуваше токму во Охрид, каде младите од Македонија успеаа да ги запознаат останатите со убавините кои ги нуди градот. Претходно место заземаше во Пролом Бања, Сараево и Златибор.

Поделени во четири групи, учесниците имаат задача да изработат готов продукт во текот на петте дена додека се на mediamokracy кампот.

„Мојата задача досега главно беше да им овозможам на учесниците како тренер на DWA да снимаат некој вид видео клип. Првата година тоа беа скици за YouTube и подкаст. Во Сараево снимавме кратки документарни филмови и синхронизиравме сцена од цртан филм. Направивме кратки документарни и играни филмови за Златибор, а од нив направивме трејлери како маркетиншка алатка. Ова, четврто лето, имаше промена. Наместо DWA, четвртиот партнер е Young Media Network, па ние тројцата – Клаус Даман, Дуња Драгојевиќ Керстен и јас одржавме факултативни работилници наменети за подготовка за следното издание на големиот меѓународен настан Brave New Media Forum ,кој ќе се одржи во Белград во ноември и пронајдовме волонтери, како и модератори на панели.“, вели Марковиќ.

Владимир Марковиќ – Луни

Дел од искуствата на учесниците се:

„Имав преубаво искуство од кампот. Дефинитивно ќе ми останат убави спомени.“, Розита Ракиќ.

„Запознав многу луѓе и пријатели на кампот. Целокупното искуство беше прекрасно“, Лаура Стојанова.

„Научив многу нови работи на кампот и се стекнав со корисни вештини.“, Милица Максимовиќ.

„Mediamokracy Кампот беше место каде се запознав со исполнителни млади луѓе со слични амбиции како моите, кои ме инспирираа и ме поттикнаа да размислувам надвор од мојата комфорт зона.“,Лазар Гвозденовиќ.

„Овие пет дена беа полни со забава и едукација. Научивме многу ,но и остваривме пријателства кои дефинитивно ќе опстанат. Среќна сум што бев дел од нешто вакво.“Ангела Андрејевиќ.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?