ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.08.2022
Мелани Стојанова :“ Уште од 14 години учам за креативен дизајн“

Мелани Стојанова е ученичка во средното медицинско училиште во Штип, СОУ „Јане Сандански“ и  од 14 годишна возраст започнала да се занимава со веб дизајнот. Денес , таа има завршено повеќе онлајн курсеви за да се надогради во оваа област. Еден од овие курсеви е професионалниот курс Google UX Design.

„Веб дизајнот претставува еден комплексен процес на креирање и дизајнирање веб страни. Јас сум конкретно фокусирана на UX/UI дизајн или “Дизајн на корисничко искуство/Дизајн на кориснички интерфејс’’. UI се фокусира на дизајн кој е лесен за пристап, визуелно привлечен и ги опфаќа сите интерактивни елементи при користење на една апликација или веб сајт. UX ја претставува целата интеракција која корисникот ја има со еден продукт, вклучувајќи и како се чуствува додека го користи. Со веб дизајн и UX/UI работам околу една година, а искуството во одделот на визуелен дизајн ми е околу две-ипол години. Сметам дека сé започна од кога дознав за графичкиот дизајн и од тогаш ми се роди желба да просперирам во дигиталниот дизајн. Морав да бидам самоука, и сама да се обидам да научам нови работи на само 14 годишна возраст“, вели Мелани.

Мелани посетувала 4 онлине курсеви за да може да започне да работи и да се усоврши

„Професионалниот курс Google UX Design опфаќа 7 завршени курсеви. Нормално програмата е направена за да се заврши во рок на 7 месеци, но платформата за учење дозволува учење по сопствено темпо. Програмата е прекрасна .Вклучува пракса каде се изработуваат проекти кој понатаму се оценети од вашите соученици на курсот. Од придобивките најважно мислам дека е длабокото знаење кое се стекнува постепено, потоа бесплатниот премиум пристап на една од алатките за дизајн (Figma) и една година бесплатен пристап на Big Interview Google при завршувањето на курсот. Останати курсеви кој ми помогнаа да се усовршам во работата беа “Комуникација и интерперсонални вештини’’ од  University of Leeds & Institute of coding, “Претприемиштво’’ од King’s College London и “Дизајнирање иднина каде учењето е животен стил’’ од Samsung. Сепак мислам дека најважна е честата практика и учење на други важни дизајн алатки (Adobe XD)“, вели Мелани.

Побарувачката на пазарот за IT услугите секогаш е голема, а во последно време расте и барањето на услугите за UX/UI дизајн

„Најчесто се промовирам преку сопствено дизајн портфолио. Со фриленс работата клиентите се најчесто од страна, но ако би работела во некоја дизајн агенција, би преферирала да е од Македонија. Нашиот пазар сѐ уште се развива за оваа професија, најчесто оние кој завршуваат со UX/UI курсот овде (Имам слушнато за курсот од Brainster) преферираат да работат на страна, но ако се бара доволно може и овде да се најде работа“, вели Мелани.

Од играње игри на компјутер , ни се роди идеја да креираме своја ИТ freelanсе група

Иако медицината и веб дизајнот немаат допирна точка, сепак Мелани наоѓа начин да ги спои нејзините различни пасии. Таа смета дека заедничко за овие две области е помагањето на луѓето и наоѓањето на полесен пристап за решање на проблемите.

„Пред кратко време дизајнирав концепт апликација за медицински курсеви каде во приоритет се ставени курсевите за прва помош, од каде е и името на апликацијата „FirstHelp”.  Навистина ми беше задоволство да ги спојам медицината и дизајнот, а во исто време и да се дизајнира апликација за општествено добро“, вели Мелани.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?