ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.10.2023
Месечно 800 регистрирани случаи на Ковид во Македонија
Автор: Goce Author

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Photo by Medakit Ltd on Unsplash

Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет.

Засега била доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ кој присуствуваше на редовниот брифинг на Министерството за здравство за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“.

Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство препорача задолжително да се користат маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?