ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.10.2025
Мета: И основци пијат енергетски пијалоци, па добиваат тахикардии и висок притисок
Автор: Goce Author

Ниските цени, а со тоа и полесната достапност, придонесува употребата на енергетски пијалоци меѓу учениците значително да биде зголемена во последниве години. Иако нима закон кој забранува нивна продажба на деца под 18 годишна возраст, сепак, ретко каде не е проблем за малолетник или малолетничка да појде во маалска продавница и да си купи енергетски пијалок во лименка, чија цена се движи од 40 денари, па нагоре.

Неодамна вработени во Агенцијата за хран и ветеринарство, им зборувале на ученици во гимназијата „Јосип Броз Тито“, за штетноста од овие пијалоци.

„Кога консумирате имате повеќе енергија и моментално тоа ја подобрува вашата концентрацијата, но на долг рок овие пијалоци можат да предизвикаат сериозни здравствени последици. Енергетските пијалоци содржат високо ниво на кофеин и стимуланси таурин и гуарана, кои при консумација можат да доведат до: зголемен крвен притисок, несоница, нервоза и анксиозност, забрзано чукање на срцето, зависност и сериозни кардиоваскуларни заболувања“, им било кажано на учениците.

Од АХВ зборувале за ризиците од комбинирањето енергетски пијалок со алкохол, а било укажано и на тоа дека кога се купува храна, многу е важно да се внимава на означувањето на производите.

„Здравствените и нутритивните тврдења на прехранбените производи мора да бидат научно поткрепени и однапред одобрени. Наш приоритет е да обезбедиме точни, јасни и проверени информации на декларациите, со цел граѓаните да можат да направат вистински избор и да се информирани при купување храна“, рекла Жанета Мијоска од АХВ.

Извор и целосниот текст на META.MK

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија