
Мета наскоро ќе ја отстрани функцијата што ви овозможува да разговарате со пријателите помеѓу Facebook и Instagram. Врз основа на известувањето од Instagram, функцијата веќе нема да биде достапна некаде во средината на декември, со тоа што сите постоечки разговори и пораки меѓу платформите ќе останат само за читање.
Најавена во 2019 година, меѓуплатформска интеграција започна да се применува една година подоцна, а со тоа спојувајќи ги двете најпопуларни услуги на компанијата.
„Исто како што денес можете да разговарате со кориснички профил на Gmail ако имате профил на Yahoo, овие профили ќе можат да разговараат меѓу себе преку заедничкиот протокол што е Messenger“, рече тогаш потпретседателката на Messenger, Лоредена Крисан.
Мета вели дека штом ќе дојде средината на декември на 2023 гоодина, веќе нема да можете да започнувате нови разговори или повици со пријателите на Фејсбук од Инстаграм, а сите веќе постоечки разговори со вашите пријатели помеѓу Facebook и Instagram ќе останат само за читање. Покрај тоа, вашите пријатели на Facebook повеќе нема да можат да го гледаат статусот на вашата активност или да ги прегледуваат сметките за читање. И на крај, сите постоечки разговори со сметки на Facebook нема да се префрлат во вашето сандаче на ниту една платформа.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автор: Кирил Стојанов