ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.07.2022
Метеоролозите во Англија на удар за прогнозите за топлотниот бран
Автор: Goce Author

Метеоролозите од Би-Би-Си и другите радиодифузери се најдоа на удар на социјалните мрежи, известувајќи за рекордната топлина во Велика Британија.

Метеоролозите се најдоа на удар на социјалните мрежи поради нивното покривање за топлотните бранови во Велика Британија во текот на јули.

Би-Би-Си доби стотици навредливи мејлови и коментари на Твитер, со кои се доведува во прашање нивното известување, велејќи им да се „соберат“ и обвинувајќи ги за „ширење паника“, истакнувајќи дека претходно било топло.

Во Велика Британија на 19 јули 2022 година беа измерени рекордни 40,2 степени Целзиусови.

Мет Тејлор, метеоролог во Би-Би-Си, вели дека никогаш не добил такви пораки во својата 25-годишна кариера.

„Никогаш не сум се соочил со толку голем број навредливи пораки.

„Некако се исклучив од сè бидејќи ми стана премногу депресивно да читам сè“, рече тој.

Британското кралско метеоролошко друштво ги осуди ваквите пораки.

Велика Британија се соочи со голем пораст на температурите минатата недела.

Метеоролозите известуваат за температури над 38 степени

Прогнозата за многу области беше дека температурата ќе го надмине претходниот рекорд од 38,7 степени, а 15 противпожарни станици прогласија вонредна состојба за пожари.

Температурни рекорди, светот „гори“- што се случува?

Метеоролошката агенција проценила дека топлотните бранови сега се 10 пати поголеми поради климатските промени.

Мета на интернет троловите се и прогнозерите од Met Office и Royal Society.

Членовите на друштвото се соочија со „јавен потсмев, обвинувања за лажење или сугестии дека биле уценети“, рече извршниот директор на Кралското метеоролошко друштво, професор Лиз Бентли.

„Бројот на навредливи коментари се зголемува кога пораката за климатските промени е централна во приказната“, рече таа.

Главниот метеоролог Алекс Дикин рече дека тоа е некако страшно.

„Сето ова ги навредува и фрустрира моите колеги, од кои некои се лидери во климатските науки.

„Покажете малку почит и истражувајте малку повеќе, наместо да верувате во приказните за Боб во пабот или за Тони на каналот YouTube“, рече тој.

Твитовите беа испратени на адресата на е-пошта и на Твитер профилот на BBC Weather Forecast. Некои вклучуваа и лични навреди кон вработените.

„Само е лето“, гласи еден од коментарите на Твитер во врска со советите како да ги одржувате луѓето ладни.

Други корисници на оваа социјална мрежа ги обвинија Метеоролошката агенција и Би-Би-Си дека шират „паника и хистерија“ и „екстремно заплашување“.

„Изгледа не сте ги почувствувале летото 1975 и 1976 година. Соберете се, ова нема да трае долго и повторно ќе замрзнеме“, е еден од коментарите на Твитер упатени до метеоролозите.

Највисоката температура во 1976 година била 35,9, што е за четири степени пониска од онаа забележана на 19 јули 2022 година.

На социјалните мрежи напади како прогнозерите да се евиновни за горештините

Девет од 10-те најтопли денови некогаш забележани во Велика Британија се од 1990 година, според статистиката на Met Office.

Топлиот ден од 1976 година е на 13-то место на листата на најтопли денови во Велика Британија.

Периодите на екстремна топлина се случуваат во природни временски шеми, но стануваат се почести низ светот, поинтензивни и подолготрајни како резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

„Она што најмногу ме фрустрира е кога ме обвинуваат дека ја извртувам вистината.

„Како метеоролози ги известуваме фактите – нема заговор“, вели Томаш Шафернекер, метеоролог на Би-Би-Си.

Џенифер Бартрам, метеоролог на БиБиСи, го поврза тролањето на интернет со високото ниво на дезинформации за климатските промени кои кружат на социјалните мрежи.

„Забележав дека злоупотребата станува се поморничава и полична, и тоа е прилично деморализирачко бидејќи само се обидуваме да си ја завршиме работата.

Горештините пустошат во Европа, стотици загубени животи

Мет Тејлор рече дека покривањето на топлотниот бран е „навистина емотивно“. Го опиша „како вистинска пресвртница во ставовите на јавноста и разбирањето на она што се случи со глобалната клима“.

Тој додава дека луѓето многу емотивно ја следат временската прогноза и така реагираат и коментираат.

„Нашата клима се промени, така што нашето известување и одговор треба да се променат исто така. Сè што се обидуваме да направиме е да ги информираме луѓето фактите“, рече тој.

Временската прогноза на Би-Би-Си објави дека е неприфатливо некој да добива вакви пораки на социјалните мрежи само затоа што си ја врши работата.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?