ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.05.2024
Меѓународната парламентарна стипендија“ (ИПС) на Германскиот Бундестаг за 2025 год.
Автор: Goce Author

Како и секоја година, и во 2025 година, Германскиот Бундестаг и трите Берлински универзитети доделуваат околу 120 стипендии за млади дипломирани студенти од 50 земји.

Пет месеци ќе имате можност да дознаете повеќе за парламентарната демократија и плуралното општество на работилници, семинари и стажирање во канцеларијата на пратеник во Бундестагот, а исто така ќе можете да ги искористите академските понуди од универзитетите.

Пријавете се до 31 јули 2024 година и доставете ги документите исклучиво по е-пошта до Германската амбасада во Скопје (info@skop.diplo.de)!

Детални информации за апликацијата можете да најдете овде.

Програмата „Меѓународната парламентарна стипендија“ (ИПС) на Германскиот Бундестаг за 2025 год. е насочена кон млади дипломци кои се ангажирани, отворени, со интерес за политика и со волја активно и одговорно да учествуваат во демократската иднина на својата земја. Германскиот парламент им дава можност на овие млади луѓе преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем.

Програмата 2025 започнува на 1 март 2025 и трае до 31 јули 2025.

Предусловите за апликација, меѓу другото, се државјанство на земјата што учествува (можно е и двојно државјанство), завршени универзитетски студии, одлични познавања на германскиот јазик (најмалку ниво Б2 на Заедничката европска референтна јазична рамка) како и возраст под 30 години пред почетокот на стипендијата.

Дополнителни информации ќе најдете на интернет: https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2598228 и www.bundestag.de/ips

 

Конкурс за стипендирање на 12 студенти со 18.000 денари месечно
Повик за поддршка при креирање на стартап бизниси