ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.02.2024
МИМ го објави конкурсот за наградите „Никола Младенов“
Автор: Goce Author

МИМ (Македонскиот институт за медиуми) го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2023“.

На конкурсот, кој ќе биде отворен до 26 февруари 2024,  може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

Ќе бидат доделени награди за најдобра истражувачка сторија – прва, втора и трета награда, најиновативен новинарски производ (една награда) и најдобра репортерска фотографија (една награда).

Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2023 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во државата.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози.

Професионалните новинарски и медиумски организации се против владини кампањи во медиумите

Секој фоторепортер може да учествува со најмногу три фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција. На конкурсот се прифатливи и фотографии објавени во странски медиуми, но тие треба да се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2023) година во Северна Македонија.

Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на МИМ: https://mim.org.mk/mk/novosti/1495-novinarski-nagradi-nikola-mladenov-2023

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?