ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.08.2026
Министерката Јаневска најави затворање на подрачни училишта
Автор: Goce Author

Затворањето на дел од подрачните училишта во Македонија и понатаму предизвикува реакции, а министерката за образование и наука Весна Јаневска ја потврди оваа намера.

Вчера, во гостување на ТВ Сител, најави дека ќе бидат затворени околу 20 подрачни училишта, кои во најголем дел имаат и помалку од 5 ученици.

Фото: МИА

Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно образование, додава таа, а растојание од, на пример два километри, не е далечина што родителите не можат да ја совладаат. Тоа е пракса во големите градови, вели Јаневска.

Околу 20 подрачни училишта ќе бидат затворени

„Во изминатиов период еве ќе ви кажам, во 2021 и 2022, 20 училишта се спонтано затворени кога јас не сум била министерка и оваа влада не управувала со земјата. И оваа година, но не само спонтано, мал дел и како процес на оптимизација, повторно околу 20 подрачни училишта ќе бидат затворени, сите оние кои имале помалку од пет ученици, но има некои кои имале 7-8 ученици. Ова е веќе друг процес на привремено затворање, процес на социјализација на учениците, во правец на постигнување поквалитетно образование. Имаме случаи на пет деца во пет различни одделенија, тоа не е образование – ниту социјализација, тоа не е стимулација на знаење, не е стимулација на натпреварување во позитивни вештини, ние мора да си ги спасиме децата првенствено од тоа. Мора да работат и да се среќаваат со големи групи, не смеат да живеат затворени во одредени средини“, рече Јаневска во гостување на ТВ Сител.

Јанева: Неопходна е оптимизација на училишната мрежа

Падот на бројките на ученици, министерката ги гледа во трендот на намалување на новородени, и помалку во трендот на иселување.

На новинарска констатација дека само во второто полугодие во Штип имало 60 деца помалку во однос на претходното, Јаневска кажа дека не смета дека иселувањето е зголемено, туку дека тоа оди во синусоиди – има периоди кога е зголемен трендот на иселување и обратно.

Јаневска уверува дека учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници и дека најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена.

Што сакаат, а што не младите во Македонија?
Мојот Став: За нас, вишокот во куферите и младоста како редок артефакт