ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.03.2022
Минута молк за Украина наместо директно вклучување на Зеленски на Оскарите
Автор: Goce Author

Годинашното доделување на оскарите помина во знакот на скандалот на актерот Вил Смит, но академијата претрпе критики и поради војната со Украина. Според дел од светските медиуми водителите и наградените како да избегнувале да ја споменат Украина и војната во оваа земја.

Пораката за поддршка во текот на минутата молк


Единица поради „Уметница мора бити здрава“на Констракта!


Актерката Мила Кунис, која е родена во Украина, излезе на сцената на доделувањето и се обрати по повод руската инвазија на нејзината татковина и предложи минута молк.
Кунис не споменувајќи ја Украина или Русија рече дека светот во последните недели бил шокиран од „глобалните настани“.

После таа минута молк преку порака на екранот ја повикаа публиката да ог поддржи „нардоот во Украина кој моментално се соочува со инвазија, судири и предрасуди во своите граници“, а потоа преминаа на реклами.
На крајот неколку актери ја споменале Украина, вклучувајќи ја Ејми Шумер, која рекла дека на Украина и се случил геноцид.
Њујорк Тајмс наведува дека соработниците на Зеленски лобирале до последен момент тој да има директно вклучување во церемонијата на Оскарите, но продуцентите се одлучиле за минута молк наместо за видео повик од Зеленски.
Не споменувањето на Украина предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Гостите сепак на свој начин покажаа солидарност со народот на Украина. Ѕвездите како Бенедикт Кумбербах, Џејсон Момоа, Никол Кидман и Џеси Частеин носеа беџови и траки со боите на Украина.

Путин нареди Русија да си прави сопствен „Евросонг“
Боренка со 91.000 дрвја за денот на планините