ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.02.2023
Митови и вистини за играњето игри на среќа
Автор: Goce Author

Повеќето лица кои се впуштаат во играње игри на среќа и забавни игри од забава не веруваат дека може да станат зависници. Тие се впуштаат во игрите на среќа и забавните игри само понекогаш, никогаш не губат повеќе од неколку илјади денари и секогаш се однесуваат одговорно.

Многу лица може да не се свесни дека нивните навики прераснале во зависност, се додека не е премногу доцна.

Истражувањето кое е  спроведено од страна на  Националниот орган за проблематично играње на игри на срека и забавни игри (National Council on Problem Gambling – SAD),  покажува дека на годишно ниво 6 до 9 милиони државјани на САД имаат проблем со учество во игрите на среќа и забавните игри, а само мал дел од нив бараат помош во облик на советување или програма за самопомош.

Разоткривањето на одредените митови може да ја зголеми свесноста и да помогне да се зголеми бројот на зависници од игри на среќа кои ќе ја добијат потребната помош.

Митовите за проблематично учество во игрите на среќа и забавните игри вклучуваат:

Мит: Учесниците во игрите на среќа и забавните игри со проблем на зависност се едноставно неодговорни, всушност може да престанат (да играат) да играат кога ќе посакаат.

Факт: Често се верува дека лицата кои имаат проблем со зависности се едноставно неодговорни и со слаба волја. Но, секој може да стане зависник од игри на среќа и забавни игри, без разлика колку и да е одговорна личност. Всушност, дури и луѓе кои имаат долгорочно одговорно однесување можат да развијат зависност од игри на среќа и забавни игри. Еднаш откако ќе бидат понесени од нивната зависност, зависниците не се во можност да ја задржат контролата над својата игра, па нивните постапки стануваат неодговорни со цел да ја нахранат зависноста.

Младите и коцкањето – 42% од младите од 10 до 21 година играат игри на среќа?

Мит: Учеството во игрите на среќа и забавните игри всушност не е проблем доколку учесниците истото можат финансиски да си го дозволат.

Факт:  Само затоа што луѓето имаат пари за трошење, не значи дека нивното однесување не е проблематично. Неумереното учество во игрите на среќа и забавните игри не е само финансиско прашање. Компулсивното учество во игри на среќа и забавни игри влијае на сите сегменти од животот на зависникот, вклучувајќи ја работата и кариерата, пријателите, семејството, па и многу повеќе од тоа. Самото учество е суштината на проблемот, не само финансиските последици од таквото однесување.

Мит: Компулсивните зависници  учествуваат во игрите на среќа и забавните игри секој ден.

Факт: Патолошки учесници во игрите на среќа и забавните игри можат да  учествуваат во игрите на среќа и забавните игри често, но и мошне ретко, еднаш неделно или еднаш месечно. Кога играњето игри на среќа и забавни игри предизвикува психолошки, финансиски, семејни или емоционални последици, тогаш тоа е зависност.

Мит: Зависниците својата потреба за учество во игрите на среќа и забавните игри ја задоволуваат со било која игра (се обложуваат на се и сешто).

Факт: Поголемиот број на проблематични или патолошки учесници во игрите на среќа и забавните игри имаат омилена игра, преферираат одреден вид на игра, и таа во суштина им предизвикува проблем. Други видови игри може воопшто да не им предизвикаат внимание. На пример, лице кое обожaва да игра на лотариски игри, воопшто да не го интересира спортско обложување.

Мит: Зависноста од учество во игри на среќа и забавни игри не ги погодува децата

Факт: Претпоставен процент на возрасни со развиени проблеми на зависности од игри на среќа и забавни игри во Висконсин е 5 до 7%, но процентот на адолесцентите со овој проблем е двојно поголем. Малолетниците имаат недоволно развиена самоконтрола и се поподложни на развој на секакви видови зависности.

Мит: Проблематичното и патолошко учество во игри на среќа и забавни игри лесно се препознава.

Факт: Во споредба со зависностите од наркотици и алкохол, зависноста од игри на среќа и забавни игри има многу помалку видливи симптоми. На зависниците им е полесно да го сокријат своето однесување, особено во случај на он-лајн обложувањето. Мошне важно е да се разбере дека поголемиот број луѓе може да ги играат игрите на среќа и забавните игри без негативни последици. Меѓутоа мал процент од нив развиваат огромни економски, семејни, социјални и психолошки проблеми поради проблематичното учество во игрите на среќа и забавните игри. Последиците достигнуваат подалеку од самиот поединец кој ја развил зависност и се протегаат на семејството, пријателите, соработниците и заедницата на играчот.

Преземено од: https://loto.mk/SocialResponsibility?dlsTextTypeID=14

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање