
Филип Камчев е дипломиран енолог на Земјоделскиот Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип. Неговиот живот сон било да има сопствена винарија и да креира производ во кој ќе уживаат потрошувачите. После четири годишните студии , тој се вработува во локална визба од каде стекнува со големо знаење и искуство кое подоцна ги искористува токму во остварување на својот сон. Со раѓањето на винаријата „Киево“ во 2021г. , Камчев започнува да ја реализира својата визија за елевација на винската култура во Македонија.

Филип Камчев во својата винарија
Производството на вино и ракија е традиција за овие простори
Винаријата „Киево“ е првата регистрирана семејна винарија во Штип, но тоа не значи дека на овие простори не постои далечна традиција за производство на вино. Напротив, чувањето на некое лично произведено буре ракија и вино во подрум отсекогаш било практика на нашите простори. За тоа сведочи и дедото на Филип, Камче од село Долно Трогерци, кој по доаѓањето во Штип во 1962г. најпрво купува плац на кој насадува лозје. Од таму се раѓа и желбата на неговото семејство да имаат сопствена винарија. Земјоделието, според Камчев, долги години било основна дејсност во неговото семејство, па така и тој не бега подалеку од своите корени. Уште од неговите средношколски денови тој активно бил вклучен во работата околу лозјето, а подоцна решил и целосно да ја насочи неговата кариера во креирање на најубавиот производ од грозје,виното .
Најдобрата ракија во светот ја прави штипјанец кој работи во Србија
„Отсекогаш ни било сон да имаме наш финален производ во кој нашите потрошувачи би уживале. Па така и се роди желбата за сопствена винарија (вино). Почетокот беше тежок, основната опрема за винарска визба може да изнесува и десетици илјади евра, но со многу трпение, работа и труд, еве се случи и сега го живееме сонот (иако по некогаш знае да биде и кошмар) но сепак, на крајот на денот, чувството да имаш сопствено шише вино и да го отвориш со некој со кого сакаш да го споделиш е незаменливо!“, вели Камчев.

Филип со посетители во својата винарија
Емилија Андонова: Жените може да се носат со секој бизнис многу подобро од мажите
Моментално тие на пазарот нудат производи исклучиво од сопствените насади, а тоа се ризлинг и вранец.
Луѓето на нашите простори тешко се навикнуваат на нешто ново
Можеби една од најголемите пречки со кои се соочиле во поглед на пробивање на пазарот е креирањето на добар маркетинг и промоција. Од искуството на Камчев,луѓето се научени на веќе познатото кога доаѓа ред за избор на вино, па така не сакаат да ризикуваат со вина кои штотуку се пласирани на маркетот. Иако тие сѐ уште се нови на пазарот, задоволни се од потрошувачката на нивните вина и тоа што луѓето ги препознаваат, а за тоа сведочи и фактот дека од ризлингот од 2021ва останати се само уште 80тина шишиња.

„Не би рекол дека сѐ уште сме стигнале до некој голем успех, но пробивањето на пазарот досега ни е најголемиот предизвик, особено што за жал во Македонија винската култура не е на многу високо ниво, особено кај помладите. Заради тоа за најголем успех го сметам кога визбата ќе ја посети човек што “не е многу по виното”, а на крајот од посетата си заминува насмеан, задоволен, со неколку шишиња вино во рака и ветување за повторна посета.“, вели Камчев.
Само 4% од бизнисот во Македонија го водат жени – може ли ова да се промени?
Македонија почнува да станува ветувачка земја за малите винарии
Иако , сѐ уште се немаат доволно пробиено на пазарот, Камчев смета дека во Македонија има потенцијал за развој на винскиот туризам. Тој ја поздравува и одлуката за разлабавување на условите за регистрација на семејна винарија со мал капацитет и грантовите за помагање на семејни винарии за набавка на опрема од Министерство за земјоделие, кои истите и ги искористиле во почетокот на нивното основање.
„Ме радува фактот што во последно време никнуваат сѐ повеќе семејни винарии со кои сите имаме барем една заедничка цел, а тоа е да ги направиме вината на семејните винарии попретпознатливи и да ја споделиме нашата приказна со потрошувачите. “, вели Камчев.