ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.08.2024
Млади од Балканот на Mediamocracy 2024 во Дивчибаре

Дваесет и четири млади новинари и креатори на содржини на возраст од 15 до 23 години беа дел од Mediamocracy 2024 кампот кој годинава се одржа во Дивчибаре, Србија во периодот од 19 до 24 август. По шести пат продолжи традицијата за вмрежување на млади креатори од Западен Балкан во текот на пет дневна обука.

Овогодинешната тема беше “Safe and Sound“, односно младите изучуваа за влијанието на социјалните мрежи при известување на вести, слободата на говор и говорот на омраза во дигиталната доба. Преку игра и работилници, младите креираа и сопствени објави, визуали и видео записи за границите на слободата на говор и говорот на омраза, како и за предрасудите и стереотипите кои се потенцираат со користењето на социјалните мрежи.

Темите опфатени во рамките на кампот беа прилагодени и модернизирани на современите проблеми со кои се соочува светот и последиците од користењето на социјалните мрежи.

Mediamocracy кампот е можност за вмрежување на младите новинари

Mediamokracy Кампот е иницијатива на Deutsche Welle Akademie низ проектот ”Young Media” и со техничката поддршка на КОМС, а на него учествуваа претставници од КОМС, Локал Пресс, Асоцијација Медиа и Young Media Network.

Учесниците се согласни дека покрај едукацијата и образовниот карактер на кампот, сепак дружбата и забавата не беа изоставени. Вмрежувањето на младите од Западен Балкан овозможува и работење на заеднички проекти и запознавање со различни ситуации.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?