ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.07.2022
Младинските медиуми од регионот се здружуваат

Десетина младински медиуми од целиот регион, меѓу кои и гоце.мк формираат меѓународно здружение со цел да ги реализираат своите заеднички задачи и идеи. Гоце.мк станува дел од основачите на тоа здружение кое би требало да профункционира кон крајот на годината.

Соработката на овие медиуми ќе се одвива преку здружението кое ќе го носи името Young Media Lab , а неговото седиште веројатно е дека ќе биде во Белград.

Уредниците на младинските медиуми на состанокот во Шабац

Зајакнувањето на постоечките капацитети и поттикнувањето на создавање нови медиуми и поквалитетни содржини е главниот водечки принцип на Young Media Lab, на која учествуваа две медиумски куќи од Македонија – Гоце Медиа од Штип и Радио МОФ од Скопје, Младинската програма на БХРТ и Карика од БиХ, О Радио од Нови Сад, Youth Vibes од Ниш, Младински весник Клик Клик Бум од Нови Сад, Изазов плус/Портал Круг од Краљево и Глас младих/Глас Подриња од Шабац.

Првите чекори вклучуваат изготвување статути и прописи, меѓусебна комуникација и усогласување на правните прописи меѓу медиумските компании и држави, основачко собрание а потоа и регистрација на тоа здружение.

Овие активности медиумите ги договорија на заеднички состанок во Шабац, а здружението ќе биде подржано од Дојче Веле Академија.

Младата медиумска мрежа треба да биде целосно функционална до крајот на годината, а целта  младите новинари да ги избришат границите со своите активности, да ги поврзат младите од регионот, да се залагаат за промоција на медиумски содржини за младите, ширење на медиумска писменост, професионални и вистинити информации.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието