
Младинските политики се соочуваат со инстиитуционален застој, а младите со институционални игнорирање и бирократија, смета НМСМ.
Во јуни 2024 година започна процесот на воспоставување на Министерството за социјална политика, демографија и млади – институција која беше најавена како системско решение за подобрување на младинските политики и унапредување на положбата на младите во Република Северна Македонија. Една година подоцна, тие надежи се претворија во длабоко разочарување. Наместо посветеност, младите повторно се соочуваат со институционално игнорирање, бирократија и суштинска нефункционалност.

И покрај законскиот рок од 6 месеци за целосно преземање на надлежностите од АМС, Министерството не комплетирано. Ги нема преземено сите надлежности согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа од 2024. Дополнително, недостасуваат клучни подзаконски акти, јасна визија и капацитет за спроведување и креирање на политики. Тоа резултира со институционален застој и правна нејаснотија во областа на младинското учество.
Загриженост предизвикува и тоа што, според изјави при ребалансот на Буџетот за 2025 , буџетот на Министерството е зголемен за 98,3%. Притоа не е презентиран јасен план или програма за реализација на активности за млади. Останува нејасно како ќе се распределат овие средства, во кој временски период, со каков интензитет и каков конкретен ефект се очекува врз младите и нивната добросостојба. Ваквиот пристап потврдува дека зголемувањето на буџет не значи автоматски подобрување, доколку не е проследено со транспарентност, отчетност и стратегиско планирање.
Покрај институционалниот застој, се бележи и сериозен недостаток на транспарентност и партиципативност. Сè почести се случаите на нетранспарентни процеси за избор на младински претставници. Овие процеси не го почитуваат принципот на отворено и инклузивно учество. Младинскиот сектор не само што не е вклучен, туку е и игнориран.

Наодите од Мониторинг извештајот за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики за 2024 укажуваат на јасен пад во имплементацијата на одредбите од овој закон. Има намалување на бројот на локални младински совети, стратегии, службеници и центри за млади. Исто така и отсуство на воспоставени национални механизми и подзаконски акти. Министерството сѐ уште ги нема преземено надлежностите за надзор над имплементацијата на законот. Тоа директно влијае врз намалувањето на неговата ефикасност.
НМСМ, како најголема мрежа на младински организации и легитимно претставничко тело на младите, со долгорочна институционална препознатливост на национално и меѓународно ниво, континуирано ја нудеше својата експертиза во сите клучни процеси – од креирање политики, следење на локални механизми, до предлагање решенија базирани на податоци. Денес, таа соработка најчесто се сведува на формални состаноци на кои, со исклучок на одредени процеси, генерално изостанува суштинска вклученост, редовна повратна комуникација и конкретни резултати.
Овие состојби укажуваат на сериозен институционален застој, одложување на законски обврски и недостаток на политичка волја за вистинско унапредување на младинските политики во Република Северна Македонија.

Поради сето наведено, НМСМ јавно бара од Министерството за социјална политика, демографија и млади:
Младите заслужуваат политики кои се темелат на факти, инклузивност и одговорност, а не декларативни ветувања и административни процедури без резултати. НМСМ останува отворен за соработка и дијалог, но нема да молчи пред институционалната пасивност и маргинализација на младите.