
Бизнисот со игри на среќа е во подем низ целиот Балкан. Сведоци сме дека никнуваат нови казина на секој чекор, а сопствениците на еден ланец казина се најдоа и на листата на 10-те најбогати луѓе во регионот на весникот „Неделник“. Бидејќи болестите кои предизвикуваат зависност не ги заобиколуваат младите, не интересираше колку е распространето коцкањето кај младите.
Photo by Erik Mclean on Unsplash
Истражувањето спроведено од Центарот за превенција и одвикнување од патолошко коцкање „Животот не е игра“ во областите Нови Сад, Србија покажува дека дури 42% од младите на возраст од 10 до 21 година играат игри на среќа. Речиси четвртина од испитаниците прво играле игра на среќа на возраст од 10 до 14 години, а речиси 5% се коцкаат патолошки. Исто така, коцкањето е почестo кај мажите. Вакви истражувања нема спроведено во Македонија, но веројатно е дека сликата е многу слична насекаде во Балканот. Истражувањата и во Хрватска покажуваат слични бројки.
Според истражувањето во Србија, просечниот патолошки коцкар има 16 и пол години, вели Јасмина Лековиќ, психолог во Центарот „Животот не е игра“.
Колку родителите влијаат врз предизвикувањето траума кај децата?
Постојат многу фактори кои влијаат на младите да започнат со коцкање. Најчесто тоа се врсниците, а потоа семејството. Повеќе од половина патолошки коцкари имаат член во семејството кој игра игри на среќа, обично обложувач. Како најчеста причина за коцкање, младите коцкари ја наведуваат досадата, но и можноста да заработат пари за џепарлак.
Подоцна се појавуваат нови мотиви. Луѓето бегаат од непријатни емоции и проблеми. Кога седат пред уредот се исклучуваат и на тој начин се опуштаат. Ова е сосема погрешна процедура, објаснува Јасмина Лековиќ.
Бидејќи игрите на среќа во најголем дел од државите на Балканот се легални само за полнолетни граѓани, се поставува прашањето како коцкањето е достапно за малолетници.
Голем број млади ги посетуваат обложувалниците. Кога велам „млади“ мислам и на оние кои немаат ни 18 години. Бидејќи според законот немаат право да се обложуваат и да вршат никакви уплати поради возраста, тоа најчесто го прават нивните полнолетни пријатели во нивно име, вели Маринела Бољанчу, поранешна вработена во обложувалница.
Социјалните мрежи можат да помогнат против депресија и да предизвикаат депресија
Обично чекам пред обложувалница случаен минувач да ми уплати тикет, вели малолетничка која сакаше да остане анонимна.
Иако технолошката револуција направи многу работи подостапни, според истражувањето на Центарот „Животот не е игра“, коцкањето преку Интернет беше најмалку популарна форма на коцкање меѓу малолетниците поради неможноста да се отвори сметка и да се подигнат пари без лична карта. Сепак, меѓу младите кои се полнолетни, онлајн коцкањето е распространето.
Коцкањето преку Интернет е подостапно бидејќи младите секогаш ги имаат телефоните при рака. Со онлајн коцкањето младите можат да се коцкаат во секое време, на кое било место, а парите на сметката не се доживуваат како вистински пари и многу полесно и побрзо се трошат. Затоа, коцкањето преку Интернет е многу поопасна форма на коцкање, посочува психологот.
Бидејќи превенцијата е подобра од лекувањето, бевме заинтересирани како да се работи на превенција од коцкање.
Треба да работиме на подигање на свеста, било преку медиумите или преку образованието. Коцкањето е легално. Важно е да им се укаже на младите дека, доколку веќе се коцкаат, ограничете ги парите и времето што ќе го поминат во казиното. Со подигање на влоговите и вложување многу време во коцкање и обид за враќање на изгубените пари, човекот тргнува на патот на зависноста, објаснува Јасмина Лековиќ.
Во последно време сѐ повеќе млади луѓе работат на одвикнување од коцкање. Барањето за помош најчесто го испраќаат нивните родители.
Родителите не го разбираат проблемот дури и кога ќе се појави долг или ќе исчезнат пари или накит од куќата. Некои родители враќаат долгови и му веруваат на своето дете дека ќе престане да се коцка, па така ќе паднат во замка. Штом ќе дознаат за проблемот треба да побараат помош, нагласува Јасмина.
Коцкарите кои имаат долгови се нервозни, раздразливи, кавгаџии. Често отсуствуваат, го избегнуваат семејството, се запоставуваат себеси. Учениците заостануваат на училиште и често отсуствуваат, вели Јасмина.
Таа додава дека кога родителите ќе ги забележат горенаведените симптоми, обично мислат дека е проблем со дрогата, а ретко кој размислува за коцкање и често не сфаќа колку голем проблем е коцкањето.
Младите кои имаат проблем со коцкањето, како и блиските луѓе, можат да побараат помош од центрите за зависност како и од психолози и психијатри. Како што изјави Јасмина, важно е да побарате помош веднаш штом ќе се дознае проблемот, а најдобар начин за воспоставување контакт е телефонски повик. Јасмина истакнува дека е важно родителите да разберат дека коцкањето не е дрскост, туку болест која создава зависност.
Преземено од Локал Прес