ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.05.2022
Младите инертни за политика и за општествени проблеми
Автор: Goce Author

Половина од младите не се интересираат за политички настани, не покажуваат иницијатива за решавање на општествени проблеми. Една третина смета дека сме подалеку од ЕУ отколку лани. Ова го покажуваат резултатите од истражување за социо – политичкото учество на младите кое ќе биде промовирано денес.

Во организација на Вестминстерската фондација за демократија денеска во хотелот Александар Палас ќе се одржи промоција на истражување за социо-политичко учество на младите.

На настанот ќе бидат презентираат наодите од последната телефонска анкета за социо-политичко учество на младите, спроведена на репрезентативен примерок во декември 2022. Анкетата покажува дека половина од анкетираните манифестираат иницијативност за решавање на општествени проблеми. Третина од нив сметаат дека сме подалеку до влезот во ЕУ во однос на минатата година, додека половина ретко или никогаш не ги следат политичките настани и случувања во земјата.

Колку младите во Македонија  користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?

Покрај овие податоци, резултатите од истражувањето ги покажуваат најновите позиции на младите во поглед на учеството, позицијата во општеството, иднината на земјата, институциите, миграциите, пандемијата и толеранцијата. По презентацијата на наодите ќе следи дискусија со истакнати млади активисти и премиерот Димитар Ковачевски.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?