

Иако сме опкружени со различни професии и занаети младите кога треба да одберат професија скоро секогаш се фокусираат на професии како доктор, програмер, претприемач, но скоро никогаш не одбираат некој занает. Често се случува да реновираме дома и да не можеме да најдеме соодветен мајстор. Тоа е затоа што занаетите изумираат.
Дел од знаетите се: Водоводџии, електричари, машинисти, столари, sидари, плочкари, оператори на тешка опрема,молери. Разочарувачки е што училиштата и општеството веќе не ги вреднуваат овие работи.
Младите се убедени дека овие занаети носат мала заработувачка. И затоа ги одбегнуваат по секоја цена. Но, дали е тоа мудро? Следните генерации ќе имаат потешкотија да го реновираат својот дом бидејќи не се запознаени со занаетот.
Но, има и млади кои сепак одлучиле да изучат занает.
“Одбрав да работам како молер бидејќи тоа го работи татко ми. Уште од мали нозе ме учеше на овај занает. Кога завршив средно образование знаев дека сакам да продолжам со занает. Иако работата е некогаш тешка бидејќи си бара голема физичка активност, јас сметам дека е исплатлива. Се наплаќа во зависност од големината на собата, материјалот, услугата и сл.” ,вели Х.Г. 19 години.

Дали ова им служи како инспирација на другите млади?
“Немам запознаено многу мои врсници што го работат ова. Ретки се, но најчесто започнуваат по пример на родител или близок роднина. Искрено не би барал некој да ми се придружи. Младите попрво би работеле како келнери отколку да научат занает” .
Со новиот тренд на професии зад биро занаетите се изоставени и не се воопшто вреднувани. Но, има надеж дека дел од младите ќе се пренасочат кон занаетот.