ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.10.2023
Младите се’ повеќе се свесни за постоење на дезинформации во дигиталниот свет

Изминатата недела се одбележуваше светската недела на медиумската писменост. Живееме во ера каде дигитализацијата се шири мошне брзо, а со самото тоа се дигитализираат и медиумите, па така имаме подостапни и побрзи извори на информации и дезинформации.

Многумина од луѓето не знаат како да препознаат лажни вести, и, најчесто веруваат во се’ што ќе прочитаат. Но, не се’ што е напишано на интернет е вистина.
За да знаеме дали една вест е вистинита, најлесно можеме да провериме така што, веста ќе ја пребараме по други медиуми, или ќе ја провериме нејзината содржина. Исто така има и доста едукативни програми на оваа тема, кои се лесно достапни.

(Квиз) Можете ли да препознаете дезинформации?

Медиумската писменост помага да ги препознаеме точните од неточните, и манипулативните информации во медиумите, со што значително се заштитуваме себе си. Постојат одредени стандарди, кои точна и квалитетна информација како и професионален медиум треба да ги поседуваат.

Младите и дезинформациите?

Најчесто, младите се мета на дезинформации, бидејќи тие поминуваат најмногу време на социјалните мрежи и можат лесно да прошират некоја вест. Но, во денешно време голем дел од нив знаат да направат разлика од професионален медиум и портал, па така полесно ги одбираат медиумите од кои ќе се информираат и на кои ќе им веруваат.

Викендот во Маврово се одржа и работилница на оваа тема, каде голем број на млади луѓе се здобија со вештини за препознавање на дезинформации. Марија Дробњак и Марија Чекреџи зборуваа токму на темата дали тие како млади лесно или тешко препознаваат дезинформации.

Слушнете ги изјавите на Дробњак и Чекреџи:

Медиумите како средство за масовна комуникација не треба да дозволат злоупотреба на нивната позиција, ширејќи лажни вести по нивните портали, лажно информирајќи ја нивната публика.  Пред да споделиме некоја вест на социјалните мрежи, секогаш треба да го провериме импресумот на порталот кој ја објавил веста, затоа што најчесто зад порталите стојат непрофесионални лица, кои шират дезинформации.

Геоглифот кај С.Николе – ровови или македонска историја?
СКОМ 2024 – конгрес на студентите по општа медицина