ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.02.2026
Младите сè повеќе на фитнес – но дали вежбаат правилно?
Автор: Goce Author

Фитнес и физичка активност – сè повеќе млади денес се свртуваат кон нив, но според младиот лекар Иван Ристов, кој паралелно работи и како фитнес тренер, проблемот не е во желбата за вежбање — туку во пристапот. Наместо здравје и долгорочна превенција, дел од младите се фокусираат исклучиво на брз визуелен ефект, често правејќи сериозни грешки што можат да остават последици.

Иван Ристов

Кој е твојот пат — како одлучи истовремено да бидеш и доктор и фитнес тренер?

Одлучив да бидам доктор ,затоа што ме интересираше функционирањето на човечкото тело уште од мали години,а фитнесот ми е пасија ,па решив да го спојам најдоброто од двете,односно како со правилен начин на живот , исхрана и тренинг се превенираат голем дел од болестите и се продолжува животот. Со тек на времето сфатив дека медицината не е само терапија,туку превенција ,да не дојде до степен во кој терапијата е единствено решение..

Најдобро е да се вежба наутро или навечер?

Тој уште од најрана возраст бил заинтересиран за функционирањето на човечкото тело, што го насочило кон медицината. Фитнесот, пак, бил негова лична пасија. Со тек на време решил да ги спои двете полиња во еден пристап — медицината како наука за лекување, и тренингот како алатка за превенција. Според него, вистинската цел не е само терапија кога ќе се појави проблем, туку навремено делување за воопшто да не дојде до болест.

Фитнес и медицина – како може да се „спојат“?

Зошто ти беше важно да ги споиш медицината и фитнесот?

Затоа што сфатив дека медицината најчесто лекува последици, а фитнесот помага тие да не се појават. Сакав да работам и на превенција, не само на терапија,а дури и кога ќе се појават одредени симптоми ,доколку има правилен пристап ,можат лесно да се спречат да не прогресираат.

Во својата работа гледа посебна вредност кога пациентите прифаќаат промена на животниот стил — воведуваат физичка активност, подобра исхрана и дисциплина. Во такви случаи, како што вели, често може да се намали и потребата од медикаментозна терапија, што е најдобар доказ дека превенцијата функционира.

Дали повеќе те исполнува кога ќе помогнеш на пациент или кога ќе трансформираш нечија физичка форма — и зошто?

Ме исполнуваат и двете,но на различен начин. Кога ќе помогнам на пациент ,чувството е длабоко , знаеш дека си влијаел директно на нечие здравје. Најмногу ме исполнува кога двете ќе се спојат ,односно кога пациентот е отворен за промена на животен стил и кога навистина тоа ќе го направи и ќе намалиме на терапија која иницијално е препишана ,а тој меѓувремено останал да вежба.

Кога станува збор за младите и тренингот, предупредува дека една од најчестите и најопасни грешки е лесното посегнување по недозволени супстанци и „допинг“ средства за побрзи резултати. Наместо постепен и здрав напредок, се бара краток пат до изгледот — без доволно знаење за хормоналните последици и долгорочните ризици. Дополнителен проблем е што изгледот се става пред здравјето, а тренингот се доживува како естетски, а не како здравствен процес.

Кои се најчестите грешки при вежбање?

Кои се најчестите грешки што младите ги прават при вежбање?

Најголема грешка според мене е што многу едноставно посегнуваат по допинг ,не знаејќи што тој навистина прави и кои се последиците. Занемарување на хормоните по секоја цена,фокус само на изглед,а не на здравје.

Дали теретаните се добри за младите?

Неговата порака до младите е јасна: телото памети. Начинот на живот денес — исхрана, алкохол, стрес, физичка активност — неизбежно ќе се одрази во иднина. Инвестицијата во здрави навики не носи резултат само краткорочно, туку претставува основа за поквалитетен и подолг живот.

Ако можеш да им дадеш само еден совет на младите — кој би бил?

Тоа што го инвестираш сега,ќе дојде на наплата кога-тогаш,дали за 5 или 10 години.. Ако инвестираш во нездрава храна ,алкохол,стрес – тогаш телото ќе најде начин да ти “врати“ за тоа. Затоа инвестирајте во здравје,добри навики ,физичка активност и правила исхрана.

Според него, вистинската трансформација не е само физичка — туку животна.

Автор на текстот: Александар Величков

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите