ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.03.2026
Младите со 2,5% застапеност во македонската политика

Младите во Македонија формално имаат право да учествуваат во политиката, но реалноста покажува дека нивното влијание е ограничено.

Според анализа на Westminster Foundation for Democracy, лицата на возраст од 18 до 29 години сочинуваат само 2.5% од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Иако нивната застапеност е минимална, младите се појавуваат како кандидати. Истата анализа покажува дека 14.6% од кандидатите биле на возраст од 18 до 29 години, а 35.5% под 39 години. Но, како што се наведува во истиот извештај, тие најчесто се наоѓаат на позиции без реална шанса за избор.

Слична е состојбата и на локално ниво. Според анализата за локалните избори, само 8.3% од младите кандидати биле носители на листи за општински совети.

Дебата: Младите да станат дел од креирањето политики

Дополнително, Youth Wiki профилот за Северна Македонија покажува дека во земјата не постојат законски квоти за младинска застапеност.

Иако младите сочинуваат околу 18% од населението, нивната застапеност во институциите останува симболична.

Заклучокот е јасен, младите во Македонија се дел од политиката на хартија, но не и во реалната распределба на моќта

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава
ЕУ воведува апликација за проверка на возраст: крај за „лажирањето години“ онлајн?