
Европската недела на имунизацијата оваа година се одбележува под мотото „Вакцините функционираат за сите генерации“, со цел подигање на свеста за важноста на вакцините.

Од 19 до 25 април, 2026 година се одбележа Европската недела на имунизација со овогодинешното мото „Вакцините функционираат за сите генерации“. Оваа недела се одбележува секоја година и целта е да се подигне свеста и едукацијата за важноста на вакцините, превенцијата и заштитата на многумина генерации од болести кои во минатото биле фатални.
Според д-р Драгана Миновска Рунтева, специјалист педијатар, вакцините штитат и до 4 милиони животи на годишно ниво. Со нејзиното стручно знаење ја опишува имунизацијата како процес при кој со внесување на ослабени антигени, организмот создава антитела за одредената болест и на тој начин се стекнува со траен или продолжен имунитет. На овој начин, вакцините обезбедуваат заштита од смртоносни болести, но и од епидемии на високо контагиозни болести.
„Кај младите тинејџери имаме висок опфат на вакцинирани пациенти и до сега со нив имаме најдобра соработка, особено со оние кои патуваат во странство и ги знаат правилата на останатите земји кои имаат јасни медицинско-правни закони.“, вели д-р Миновска Рунтева.

Со подемот на дигитализацијата, социјалните мрежи и алатките за вештачка интелигенција, лесен е пристапот кон дезинформации кои може да се одразат со сериозни последици во однос на оваа тема. Социјалните мрежи се место на поделени мислења во однос на вакцинацијата и претставуваат достапно поле за предизвикување страв и одбивност кон вакцинацијата.
„Постојано имаме контроверзни мислења од различен тип на социјалните мрежи, но за нас е пресудно кога ќе им објасниме на пациентите дека светот достигнува бројка над 7 милијарди благодарение на вакцините. Важно е секоја добиена информација треба да е од стручни медицински лица. Ваквите информации се лесно достапни на сајтот на Министерство за здравство, апликацијата БЕБО, како и на официјалните профили на ЈЗУ Здраствен дом „д-р Панче Караѓозов.“, вели д-р Миновска Рунтева.
Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините
Благодарение на посветеноста и континуираната едукација, според д-р Миновска Рунтева за сега нема некој загрижувачки отпор кон вакцините. Таа истакнува за значајноста на информираност на пациентите уште од родилиште за важноста на имунизацијата.