ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.05.2022
Младите со свои креации во одбележување на меѓународните денови на мода во Штип

Во Штип неодамна се одбележаа меѓународните денови на модатата, а настанот се одржа во рамките на одбележување и на празникот св. Кирил и Методиј.

Технолошко –  техничкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип, по пауза од две пандемски години, организираа модна ревија. Самиот настан во својата содржина вклучуваше изложба со традиционални носии, изложба со староградски носии и изложба на цртежите на студентите од Технолошко – техничкиот факултет. Учесници исто така има и од Бугарија и Романија, кои со своите колекции се приклучија во изложбата. По завршувањето на модната ревија, моделите се креираат и се подаруваат на децата со посебни потреби.

Кога завршува модната ревија ние ги креираме моделите и ги подаруваме на децата со посебни потреби. Оваа година, исто така перничињата кои ги изработивме заедно со СОУ „Димитар Мирасчиев“, ќе бидат поклонети на деца со посебни потреби во Штип. Изработките на нашите студенти ќе бидат подарени и на деца од социјално загрозените семејства. Се надевам дека ова ќе биде повик за сите да се приклучат кон овој настан, бидејќи во ова време помошта е добредојдена од сите страни, посебно за овие деца. – истакнува проф. м-р Ванѓа Димитријева – Кузманоска, професор на Техничко – технолошкиот факултет.

Своите знаења и вештини ги истакнаа и средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип.

СОУ „Димитар Мирасчиев“ во соработка со Техничко – технолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, имаа можност да изработат креации за изложба на самиите студенти и изложба на учениците од СОУ „Димитар Мирасчиев“. Имаат за цел, да ја претстават својата креативност, своите знаења и вештини кои ги изработуваат по предметот Практична настава. – истакнува Марина Варадиновска, директорка на СОУ „Димитар Мирасчиев“.

Облека од текстилен отпад ќе биде презентирана во Штип

На настанот, учествуваа и ученици од ООУ „Ванчо Прке“. Учество зедоа и младите литерати од Книжевно-креативниот центар „Еквилибриум“ при Академија ЕУРОАРТ, кои прочитаа творби посветени на Св.Кирил и Методиј, под менторство на д-р Милена Ристова – Михајловска.

Публиката можеше да ужива и во добрата музика, а за тоа се погрижија Јован Кузманоски, ученик во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, под менторство на проф. Никола Темелков и проф. Трајче Роглев,  и Зоран Илиев.

Инаку, овој настан се организира четврта година по ред, организаторите се оптимисти дека настанот, традиционално, ќе се случува секоја година.

 

Нов моден тренд – облечете се како вашите дедовци
Фејсбук слави 20 години