ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.03.2026
Моќта на зборот – вечер посветена на ораторството

Ораторски вечери традиционално во склоп на активностите коишто се организираат по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“,  ќе се одржат на 26 март во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет.  Оваа година ќе учествуваат 12 оратори во две категории, категорија на студенти и категорија на средношколци за кои стручната комисија и публиката заеднички ќе одлучат кои ќе бидат најдобрите оратори. Настан каде младите имаат можност да го изразат својот став без цензура, да изберат тема која ги засега нив и да предизвикаат  промена во размислувањето на публиката.

Кристијан Панев

„Она што постојано разговараме со нашите оратори е кога се подготвуваат и кога говорат за определени теми тоа треба да бидат теми коишто ги засегаат нив лично. Теми за кои тие се желни и сакаат да разговараат, бидејќи ораторските вечери ја негуваат слободата на говор и изразување и ги охрабруваме и им даваме платформа на младите слободно и артикулирано да ги изразат своите ставови пред еден поширок аудиториум. Еден добар ораторски говор не е само убавината на говорењето коешто ораторството го подразбира, меѓутоа и тоа што тие сакаат да го кажат, каква порака сакаат да пренесат и како сакаат да ги замислат авторитетите и заедницата.“, вели асс. м-р Кристијан Панев на Правен факултет при УГД.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Во секој говор на ораторот е скриена длабока порака која тие се обидуваат да ја пренесат на публиката, надевајќи се дека ќе направат мала промена во општеството во кое живеат.

„ Се надевам дека ораторските вечери и оваа година ќе бидат гласот на младите кон авторитетите, гласот на младите кон возрасните и она што тие сакаат да го постигнат со пренесување на нивната порака, на тоа како тие го замислуваат светот, како тие го замислуваат општеството во кое тие сакаат да живеат.“, вели Панев.

Ораторските вечери и оваа година ќе бидат гласот на младите кон авторитетите

Помеѓу бројните инспиративни говори на ораторите, победнички е оној кој ќе успее да отскокне од останатите по својата емоционалност, автентичност и впечатлива изведба. Не е доволно само да се застане зад говорницата, потребно е со својот говор публиката да се наведе на размислување, што ние како индивидуи може да промениме за светот во кои живееме да стане подобро место.

Мелани Иванова

„Она што еден говор го прави карактеристичен да биде победнички и добар, најпрво тоа е искреноста во самиот говор и жарта којашто ораторот ја носи сам со себе. Говорот како говор не е ништо друго, освен еден искрен разговор помеѓу индивидуата и публиката. Тоа што треба да го има говорот е секако квалитетна содржина во она во коешто ораторите веруваат, онаа порака којашто сакаат да ја пренесат, меѓутоа и начиниот и техниката на којашто говорат. Двете заедно се една симбиоза којашто може да направи еден говор победнички коишто публиката искрено знае да го препознае, што покажало и низ годините дека таквите говори стануваат актуелни и се паметат долго после самата ораторска вечер.“, вели Панев.

Она што никој не ти го кажува за испитната сесија

Интересот на младите за ораторство не стивнува, напротив тоа го гледаат како можност отворено да зборуваат за теми кои ги засегаат сите, но некои немаат храброст да го истакнат својот став на говорница пред поширок аудиториум. Младите се двигател на општеството кои можат активно да придонесат за промена на системот кој создава неправди.

Младите се мотивираат  јавно да го искажат својот став за актуелни теми

„Со оглед на тоа што секоја година има сѐ поголем број на учесници на обуките за Ораторски вечери тоа е факт дека младите својот потенцијал не се плашат да го искажат пред говорницата, да се слушне нивниот глас надалеку, покрај во салата од аудиториумот коишто ги слуша, исто така и пошироко  преку медиумите коишто снимаат на ораторската вечер.“, вели Мелани Иванова, студент на Правен факултет при УГД.

Теа Барбашка

Во последните неколку години, заинтересираноста на средношколците за јавно говорење е сѐ позначителна што претставува пријатно изненадување за организаторите. Мотивирачки е тоа што младите уште од своите средношколски  години се мотивираат  јавно да го искажат својот став за актуелни теми.

„Мислам дека зборот е најсилното оружје што го има човекот, затоа јас одлучив да се пријавам на ораторските вечери, да докажам дека и ние средношколците имаме многу теми за јавно говорење  кои нам ни сметаат и нѐ засегаат и сакаме тоа да го кажеме во јавност. Јас најмногу сакам мојот збор да биде слушнат и тоа е мојата цел за пријавување на овие ораторски вечери, нормално дека сите ние се надеваме и на охрабрителна награда, меѓутоа мојот збор да биде слушнат пред сѐ.“, вели Теа Барбашка, ученичка во СОУ „Славчо Стојменски” – Штип.

Размолчени гласови: Нераскажаните приказни од Источна Македонија
Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап