ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.08.2023
Мобилните телефони во училиште – штетни или корисни?
Автор: Goce Author

Неодамна УНЕСКО препорача забрана на мобилните телефони во училиштата, тврдејќи дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје. Но некои истражувања покажуваат резултати кои не одат до крај во прилог на оваа теза.

Се верува дека овие електронски уреди го одвлекуваат вниманието на учениците за време на часовите.  Придонесуваат за зголемување на онлајн насилството меѓу колегите. УНЕСКО наведува дека премногу време што децата го поминуваат користејќи електронски уреди го попречува процесот на учење. Тие нагласуваат дека технологијата е важна во образовниот процес, но дека треба да биде во функција на човекот.

Паметните телефони станаа сеприсутни во училиштата. Сепак, мислењата во врска со воведувањето на оваа забрана се поделени.

Според истражувањето спроведено во Норвешка, забраната за користење на телефони во училиштата доведе до драматично подобрување на перформансите на средношколците. Во Шпанија, забраната за користење на паметни телефони доведе до подобрување на перформансите на учениците во математиката и науката. Исто така,го намали малтретирањето преку Интернет. Студијата спроведена во Бразил покажа дека за секои 100 минути поминати со користење на телефонот во текот на денот, тоа го намалува успехот на учениците за 6,3 поени.

Мобилните телефони не биле секаде штетни – во Шведска подобри училишни достигнувања со дозволени мобилни

Според УНЕСКО, една од четири земји веќе ја забранила употребата на паметни телефони во училиштата. Франција ја воведе забраната во 2018 година , Кина во 2021 година, а Холандија планира од 2024 година.

Но, не сите истражувања покажуваат дека овој тип на забрана е добра одлука.

Обединетите нации препорачуваат да се забранат паметните телефони во училиштата

Студијата спроведена во Шведска, пак, покажа дека таквата забрана не доведе до подобрување на академскиот успех. Друга покажа дека употребата на телефони води до подобри училишни достигнувања, особено за децата од пониските социјални класи.

Употребата на телефони во училницата ја подигна и дигиталната писменост на учениците на многу повисоко ниво во споредба со нивната возраст, но и разви дигитални вештини за да бидат побезбедни онлајн.

Во некои случаи, дури се покажа дека платформите за социјално вмрежување можат да влијаат на подобро ментално здравје и чувство на задоволство, особено за учениците од маргинализираните социјални групи.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието