ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2025
Мобилно плаќање повеќе практикуваат младите
Автор: Goce Author

Мобилно плаќање се повеќе е пракса за поголем број на граѓани, а очекувано, во  таквиот тренд предничат младите.

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Photo by Clay Banks on Unsplash

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации. Тоа покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Очекувано, најголем дел од оние кои имаат пристап за увид преку интернет и решение за мобилно плаќање се млади – најмногу од 25 до 44 години.

Кога станува збор за комплетната статистика, поголем број на мажи имаат мобилно банкарство (над 440 илјади), од жени (388 илјади).

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?