ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.11.2021
Модерните автомобили – луксуз или проблем за возачите?
Автор: Goce Author

Подгответе се за возилата на иднината кои ќе изгледаат далеку пософистицирани од филмовите на Марвел. Еве Apple за четири години планираат да го претстават новиот автомобил Apple Car. Со развој на автомобилот било започнато уште од 2014 година, а со текот на времето, плановите се менувале. Подоцна, се фокусирале на развој на софтверот за автономно возење што би го лиценцирале кај производителите на возила. Последните гласини велат дека Тим Кук, започнува со развој на сопствено електрично возило.

Описот на возилата е многу футуристички, во него не би требало да има волан, ниту педали за гас и сопирачка. Ова возило во целост бќе ви ја промени перцепцијата за управување со автомобил – неговите сопственици би биле само патници во него, додека управувањето со возилото да го препуштат на компјутер.

Дали новата технологија, новите апликации кои ќе се воведат, ќе им бидат од голема корист на возачите или пак, ќе им претставуваат проблем? Пример, нова апликација на  Тесла возилата, придонесе некои сопственици да не можат да ги отклучат своите автомобили.

Имено, сопствениците на возилата на Тесла, треба да можат да ги отклучуват своите автомобили дури и кога апликацијата не работи. Откако апилкацијата на Тесла престанала да работи, тие не можеле да ги отклучат или стартуваат своите автомобили. За ова, на Твитер предупредија сопствениците на автомобили на Тесла, на што реагираше Илон Маск. Тој се извини и во неколку часа подоцна, напиша дека ситуацијата е решена и дека ќе преземе мерки за да не се повтори истото во иднина.

Апилкацијата покажала „серверска грешка“. Како што е познато, покрај картичката за клучеви и далечинскиот клуч, автомобилите можат да користат и паметен телефон како клуч. Со оглед на тоа што телефоните се поврзуваат со атомобилот преку Bluetooth, нивното поврзување, како клуч, не бара интернет конекција, па проблемите со апликацијата не треба да влијаат на отклучувањето на возилото.

Останува да видиме, дали новите начини на производство ќе придонесат за полесен живот или ќе создадат дополнителни проблеми на возачите. Во меѓувреме управувајте ги вашите возила совесно и одговорно.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?