ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.02.2026
МОФ објави повик за млади истражувачи
Автор: Goce Author

Младински образовен форум (МОФ) објави отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачката академија за млади, програма насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети на младите и нивно активно вклучување во општествени процеси. Повикот е отворен за млади од сите региони на земјата, со цел создавање мрежа на млади истражувачи кои ќе работат на теми од значење за младите.

Програмата се реализира во рамки на регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од Европската унија, а спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Истражувачката академија опфаќа четиридневна обука за развој на истражувачки вештини, методологии и дизајн на проекти, која ќе се одржи од 5 до 8 март 2026 година, надвор од Скопје. По академијата, учесниците ќе спроведуваат менторирано теренско истражување, кое вклучува собирање и анализа на податоци со поддршка од искусни истражувачи, во периодот од март до мај 2026 година. Истражувањата ќе бидат јавно презентирани на завршен настан организиран од МОФ.

(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?

Право на пријавување имаат млади лица на возраст од 18 до 26 години, студенти или дипломирани, кои покажуваат интерес за истражувања во областа на образованието, младинските политики, како и социјални и политички прашања од значење за младите. Апликантите треба да имаат разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво, да можат да присуствуваат на академијата, да работат тимски и да го презентираат своето истражување.

Заинтересираните можат да аплицираат индивидуално или како тим од најмногу тројца истражувачи, со пополнување на апликацијата. Крајниот рок за пријавување е 22 февруари 2026 година, до 23:59 часот. Дополнителни информации може да се добијат на info@mof.org.mk, со назнака „Информации за апликација за истражувачка програма за млади“.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?