
Министерството на образование и наука соопштува дека договорите за ученички и студентски стипендии заедно со потребните документи ќе може да бидат доставени и утре во писарницата која ќе биде работи од 09:00 до 16:00 часот.
Прочитајте и: Видете дали сте добитник на студентска стипендија
Ова важи за ново добиените стипендисти кои беа одобрени на конкурсот за стипендии, а рокот за достава на потребните документи е до 30 ноември. Имено, потребни документи кои треба да се достават се три копии од соодветниот договор за групата во која сте одобрени и копија од трансакциска сметка. За оние кои немаат можност да ги достават документите со физичко присуство, постои опција и да ги испратат по пошта на адреса бул. “Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје.
Доколку сѐ уште не сте провериле, резултатите како и соодветниот договор кој треба да го симнете може да ги најдете овде: https://mon.gov.mk/content/?id=4373