
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи за академската 2022/2023 година.

Image by jcomp on Freepik
Висината на стипендиите изнесува 5000 денари месечно, а избраните студенти ќе ги добиваат девет месеци.
Беа предвидени вкупно 135 стипендии, а доделени се вкупно 125 стипендии за редовни студенти Роми и тоа 50 за студенти кои студираат во прва година и 75 за студенти од повисоките години. Листата со одобрени стипендии може да се најде на овој линк. Студентите треба да потпишат и договори со МОН, кои се достапни на следниот линк.
Заинтересираните апликанти резултатите можат да ги проверат на страната на МОН, или на следниот линк.