ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.06.2022
МОН го активира електронското аплицирање за средните училишта
Автор: Goce Author

МОН од денеска го активира порталот за електронски услуги наменет за аплицирање за упис во средните училишта.

Фото: МОН

Од денеска во 10 часот, до 15 часот на 15 јуни учениците ќе можат да пополнуваат пријави и електронски да аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, според распоред што ќе го подготви секое училиште.

МОН ја воведе дигиталната услуга за да се оптомизира уписот во средните училишта

МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Учебната година завршува редовно, и покрај 12-дневниот штрајк

– Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од МОН.

Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено свидетелството за IX одделение, ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение  ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение ќе треба да го приложат при доставувањето на целокупната потребна документација на 16 и 17 јуни.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?