ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.05.2022
МОН и СОНК постигнаа договор за 15 % повисоки плати
Автор: Goce Author

СОНК и Министерството за образование (МОН) потигнаа договор на претпоследниот ден од процесот на помирување. Договорот е постигнат на бројката од 15 отсто зголемување на платите од септември. Решен е и проблемот со исплатата на плата на учесниците во штрајкот –   ќе бидат исплатени платите во целост а ќе бидат потпишани и колективни договори за основно и средно образование.

По вчерашната средба претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави:

„Конечно ги приближивме ставовите околу барањата кои СОНК ги достави до МОН. Во препораката од преговарачот ќе стои дека платите во дејноста основно и средно образование ќе се зголемат за 15 отсто. Овој процент ќе важи и за дејностите кои се под Министерството за труд и социјална политика (МТСП) што беше договорено на денешната средба“.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, изрази задоволство по постигнатиот договор и најави дека се договорени сите детали околу колективните договори кои треба да се потпишат во септември.

“Повисоки плати во Образование ќе има, освен порамнувањето за минимална плата. МОН и СОНК најдоа целосно разбирање. Ги допрецизиравме работите околу новите колективни договори кои во следниот период треба да бидат потпишани. Со претставниците на СОНК секоја година понатаму заедно ќе ги разгледуваме сумите за Буџетот“, изјави Шаќири .

Токму праксата за редовно заедничко креирање на буџетите е важно за квалитетни и ефектни односи на партнерите во иднина, потенцитраше Неделков:

„Многу е важно што воведуваме на нова практика во партнерски однос меѓу СОНК и МОН во креирање на Буџет и плати за наредни години со почеток од 2023 година.На некој начин ќе бидеме коректори на инфлацијата и зголемување за минималните плати“.

МОН и СОНК се договорија за 15 % од септември, а шпретходно беа одбиени 12 % од јули

Овие препораки и решенија постигнати со посредство на помирувач сега треба да бидат разгледани од членството на СОНК и потоа да бидат усвоени од Советот на СОНК како највисокот синдикално телот кое потоа може да го овласти Неделков да ја потпише спогодбата. Рокот даден меѓу СОНК и МОН за потпишување е 10 дена.

Средношколците и премиерот разговараа за матурата

Денеска се очекува уште една работна средба меѓу СОНК и претсавниците на министерството за труд и социјална политика на која треба да се прецизираат деталите околу исплатата на дневниците за кадарот во градинките кој учествуваше во Генералниот штрајк.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. Владата понуди покачување од 12 отсто што беше одбиено,,дури имаше и протести и негодувања од членови на СОНК кон Неделков зошто го прифатил тоа зголемување, кое пак требаше да биде од јули. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?