ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.01.2023
МОН најави реконструкција на студентските домови
Автор: Goce Author

Студентските домови во Македонија ќе бидат реконструирани и трансформирани во енергетски ефикасни објекти, најави МОН.

Од министерството велат дека по низа реконструкции на ученичките домови, започнаа и подготвителните активности за спроведување на најкрупниот инфраструктурен проект поврзан со државните студентски домови. Тој предвидува нивна целосна обнова и трансформирање во енергетски ефикасни објекти, за што ќе се вложат 25 милиони евра. Станува збор за реконструкција на вкупно 8 објекти во кои ќе се подобри основната удобност и структурниот интегритет.

Оваа информација беше споделена од делегација на МОН,на меѓународна конференција на ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа. Конференцијата се одржува во Белград, Република Србија, под наслов „Предизвици во работењето – со дијалог до напредок“.

Студентско сместување – желбите исти, домовите се реновираат, нови не се градат

На конференцијата беше посочени дека МОН во соработка со здруженија на млади и здружението на ученички и студентски домови работи на подготовка на нов закон за младински стандард. Со него ќе се реформира начинот на финансирање на ученичките и студентските домови. Со тоа ќе се подобри и стандардот на младите во нашата држава.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?