ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.05.2024
МОН: Неделава ќе има резултати од конкурсите за стипендии за магистерски и докторски студии
Автор: Goce Author

Конкурсите не се повлечени, туку како што беше наведено во истите, аплицирањето престанува во моментот кога ќе се пријават доволен број апликанти. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) на прашањето на Мета.мк за тоа која е причината поради која Министерството ги повлече од својата веб-страница конкурсите за стипендии за студенти на втор и трет циклус кои беа објавени во јануари.

Повеќе од четири месеци откако конкурсите беа објавени, резултати сè уште нема. Загрижени студенти кои аплицирале на овие конкурси се обратија до редакцијата на Мета.мк, поради сомнежи во „исчезнатите“ повици и необјавувањето на резултатите.

Студентите постојано се обраќале и до МОН и велат дека добивале информации оти наскоро ќе има резултати. Во овие конкурси се предвидени многу мал број стипендии – 50 за студентите на магистерски и 15 за студентите на докторски студии.

Висината на стипендиите за втор циклус изнесуваат 9.000 денари за девет месеци во годината, оние за трет циклус се во висина од 18.000 денари, а селектираните докторанди ќе ја добиваат во времетраење од 12 месеци.

Целосната вест можете да ја најдете на Мета.мк

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите