ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2022
МОН подготвува нов Закон за средно образование
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука започна со активности за изработка на нов Закон за средно образование. Новиот Закон треба да биде во духот на европските принципи и инклузија на сите ученици.

Фото: МОН

„Потребата за донесување ново законско решение за средното образование  во земјава првично треба да го побараме во тоа што постојниот закон се спроведува повеќе од 27 години, а во меѓувреме средното образование стана задолжително, беа донесени нови наставни планови и програми и истите постојано се ажурираат и дополнуваат. Имаме многу нови права и можности за сите чинители во образовниот процес во средните училишта и сето тоа мора да биде дел од една правна рамка. Денес сме тука, заедно, за да ја направиме таа рамка. Имаме основа, која можеме добро да ја надградиме – истакна Министерот за образованмие и наука Јетон Шаќири на првата јавна дискусија за донесување на новото законско решение.

Се планираат повеќе јавни дискусии, за да може да се вклучат повеќе чинители од образовната дејност. Идејата е искуства и мислења да споделат експерти, лица од праксата, наставници…

Средно образование кое ќе овозможи инклузија, итеграција и модерен образовен систем

Фото: МОН

Стратегијата за образование 2018-2025 година во делот на општото образование поставува неколку приоритети. Подобрување на содржината на средното образование, зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста и меѓуетничката интеграција во средното образование.  Потоа подобрување на капацитетите на човечките ресурси во средните училишта и подобрување на условите за учење и на квалитетот на образованието. Ако се следат овие начела, со новото законско решение може да се придонесе за модернизација на националниот образовен систем.

Предлог верзијата на законот ја изготви работна група составена од претставници на повеќе засегнати страни.

МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенционираниот студентски оброк

Со овој предлог Закон за средното образование, се дефинира средното образование како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици, вклучително и за деца/лица со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Се дефинира и улогата на образовните асистенти, односно нивното вклучување во образовниот процес со регулиран статус.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?