ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2023
МОН: Студентите да ги подигнат картичките за студентски оборк
Автор: Goce Author

Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal.

Фото: MIA

– Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време за потпишување на договор. Исто така и за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменска студентска Visa картичка за субвенциониран оброк. Преку оваа картичка единствено ќе можат да ги користат средствата, објаснуваат од МОН.

Министерството потсетува дека аплицирањето за ова право за студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година.

Студентите во „Гоце Делчев“ и во „Стив Наумов“ само ќе ручаат и вечераат, a појадок ќе си купат со парите за студентски оброк

-Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на меил. Меилот е subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството, известуваат од МОН.

Оттаму, посочуваат дека финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

– Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?