ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.11.2023
Мост за соработка меѓу два народи преку музика
Автор: Goce Author

Големиот револуционер и визионер, Гоце Делчев, пред повеќе од еден век кажал:,,Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. На 11-ти ноември, во Националната установа- Центар за култура,,Ацо Шопов” Штип, женскиот камерен хор,,Неразделни” од Ќустендил, Република Бугарија и градски камерен хор ,,Астибо” од Штип, под диригентска палка на Веселка Петрова и Ивана Ѓурѓевиќ Јанков, а со пијано придружба на Жана Николова,  беа градители на мост за соработка помеѓу два народа, во рамките на проектот ,,Меѓусебна соработка како мост за зближување на народите”.

Автор на текстот: Божидар Доневски

Во прекрасна и релаксирана атмосфера, хористите со многу љубов заеднички  ги интерпретираа сите хорските композииции, а на љубителите на хорското пеење им подарија незаборавни моменти исполнети со музички акорди и хармонија.

 

Тие докажаа дека мостовите меѓу  народите изградени со музика, љубов, насмевки, емоции, среќа и радост, траат вечно. По тие мостови гордо ќе чекорат  и идните генерации.

Диригент Ивана Ѓурѓевиќ Јанков, вонреден професор на Музичката академија при УГД Штип, ја искористи оваа прекрасна можност да го промовира новото име на хорот, со кое ќе се претставуваат во иднина – Градски камерен хор ,, Астибо” Штип. Таа истакна дека соработката со – Женски камерен хор ,,Неразделни” продолжува и најави нова музичка средба меѓу двата хора на 16-ти декември во Ќустендил, Република Бугарија. Мостот на пријателство меѓу двата народа сакаат да го крунисаат со МУЗИКА.

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Младите гласаат: Интерактивна симулација на Европските парламентарни избори 2024 во Штип