ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.07.2023
Мотоцикли се возат без возачка, кацига, нерегистрирани….
Автор: Goce Author

Мотоцикли се возат без возачка, без кацига, нерегистрирани тоа е сликата на проблемот за кој долги години реагираат граѓаните, и бараат помош од полицијата. Чести се реакциите и за начинот на кој младите возачи ги возат своите мотоцикли и скутери, како и на бучавата која на создаваат.

Прашањето е, дали само полицијата е таа која треба да се повикува на акција кога се во прашање мотоциклистите, посебно оние помладите? Само вчера полицијата санкционирала 189 возачи на мотоцикли за различни прекршоци.

МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 189 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 115 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 41 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Министерството потсетува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Дека казните очигледно не го даваат ефектот, покажува тоа што сликата се повторува секоја година. Брзо и небезбедно возење, доведување во опасност на себе  другите во сообраќајот, лудување со возење на едно тркало, прилагодување на мотоциклите за поголема бучава… Колку пати на улиците ќе видиме деца кои се далеку од полнолетни, прашање е дали имаат и 13-14 години а управуваат мотоцикли.

Пешаците – најзагрозена категорија учесници во сообраќајот

Полицијата може да санкционира и да врши контроли, но акција е потребна и од самите родители. Ако тие ги толерираат, понекогаш и охрабруваат своите деца да ги кршат законите, тогаш залудни се и контролите на полицијата. Не може да се постави полицаец на секој мотоциклист, ама секој мотоциклист има родители.

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија