ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.11.2024
MОВЕМБЕР: На 14-ти ноември се одбележува месецот на машкото здравје
Автор: Goce Author

Дом на млади преку серија на настани годинава на 14-ти ноември го одбележува месецот на машко здравје. Месецот на машкото здравје, познат и како МОВЕМБЕР има за цел да го зголеми сознанието и свеста за здравјето на мажите, особено за теми како рак на простата, рак на тестиси, ментално здравје и превенција.  Гоце.мк заедно со останатите организатори е медиумски поддржувач на настанот со цел подобро информирање и едукација на младите за важноста на машкото и репродуктивно здравје.

Настанот почнува четврток (14.11.2024) во 17.00 часот со Мото парада, а продолжува со предавања и работилници за студентите. Настанот завршува со забава во Домот на младите од 21.00 часот.

На самиот настан ќе бидат доделени бесплатни ваучери за испитување од страна на учесниците на настанот.

Главната идеја на МОВЕМБЕР потекнува од долгогодишното симболично носење на мустаќи кај мажите во текот на ноември со цел поддршка на здравствените иницијативи, но и да привлечат внимание за овие важни здравствени прашања. Целта на овој месец е да се поттикнат мажите да обрнат повеќе внимание на своето здравје и редовно да прават прегледи особено за рак на простата и  тестиси. Преку едукација, организирани предавања и работилници ќе се разоткријат стереотипи, ќе се нормализираат теми  за машкото ментално здравје, но и ќе се охрабрат мажите да побараат помош кога им е потребно.

Не мисли, испитај се!

 

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023