ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.11.2021
„Мовембер“ не е само за да пуштите мустаќи
Автор: Goce Author

Пуштивте мустаќи месецов во знак на „мовембер“? А бевте ли на преглед за да видите дали е се во ред со вашето здравје?

Месец ноември е уште познат и како „мовембер“ и е посветен на машките мустаќи, ама и на машкото здравје. Секоја година има се повеќе едукации за ментална поддршка во справувањето со болестите и подигнување на свеста кај мажите да ги прават рутинските контроли редовно.

А знаете ли кога започнал „мовембер“?

Во 1999г. неколку пријатели од Австралија, се договориле да не ги бричат своите мустаќи цел месец со цел да добијат изглед на совршен маж. Кон овој предизвик се приклучиле уште 30 луѓе, а со текот на годините бројот се повеќе се зголемувал и во 2004 година достигнал бројка од 400 мажи. Тогаш била и формирана и „Фондација за собирање пари за истражување на рак на простатата“.

„Movember“ („Мовембер”) е креиран од два збора  – австралиската сленг-кратенка за „мустаќи“ – „mo“ и „November“ (ноември).

Со подигање на машката свест за редовни прегледи се спречуваат сериозни последици доколку се појави некој здравствен преглед. Затоа се препорачува за мажите до 50 години да направат барем еднаш годишно.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање