
Фондацијата Z Zurich отвори повик за стипендии за млади лидери кои работат на проекти поврзани со ментално здравје, климатски промени или еднакви можности во општеството. Избраните 25 млади од целиот свет ќе добијат целосно финансирано учество на глобалниот младински самит One Young World 2025, кој ќе се одржи во Минхен, Германија од 3 до 6 ноември 2025 година.
Стипендијата е наменета за млади на возраст од 18 до 30 години кои активно работат на позитивни промени во своите заедници, имаат страст за локални и глобални прашања и докажан ангажман во областа на:
Подобрување на менталното здравје
Прилагодување на климатските промени
Поддршка на еднакви можности преку образование, вработување или претприемништво
Апликацијата е отворена за млади лидери од целиот свет, вклучително и од Македонија.
Повеќе информации за условите и пријавување можеш да најдеш на официјалната страница на One Young World.