ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.08.2025
MrBeast и во 2025 највлијателен дигитален креатор
Автор: Goce Editor

MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, е сè уште највлијателниот креатор на содржини на интернет во 2025 година. Според Forbes, тој заработил дури 85 милиони долари во последната година, што го става далеку пред конкуренцијата.

Фото: Tubefilter

Колку заработуваат највлијателните креатори на содржини на интернет?

На второто место е Dhar Mann, познат по своите мотивациски и кратки видео приказни, со проценета заработка од 56 милиони долари. Џејк Пол, инфлуенсер и боксер, и комичарот Мет Рајф го делат третото место, секој со по 50 милиони долари приход од април 2024 до април 2025 година.

На листата се и долгогодишните креатори на содржини Rhett & Link, со заработка од 36 милиони долари, додека Алекс Купер, позната по нејзиниот подкаст Call Her Daddy, заработи 32 милиони долари.

Занимање? Инфлуенсер(ка)! (Не)сериозна професија со сериозна одговорност

Популарниот инженер и YouTube ѕвезда Марк Робер заработил околу 25 милиони долари, додека иконата на TikTok, Чарли Д’Амелио, заработила 24 милиони долари. Каби Ламе, еден од најследените креатори на TikTok, е на дното на листата со 20 милиони долари, додека комичарот Друски ја затвора листата со 14 милиони долари приход.

Критериуми на Форбс

Форбс зеде предвид неколку критериуми при составувањето на листата – број на следбеници, вкупна заработка, претприемачки активности и влијание врз дигиталната сцена. Врз основа на овие параметри, беа избрани десетте највлијателни креатори на содржини на Интернет во 2025 година.

Оскарите со измени поради војната?
Светски ден против дебелината: младите се сѐ по дебели