ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2022
МТСП: И за време на штрајк обврска е згрижувањето на децата
Автор: Goce Author

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со официјален став за најавениот штрајк на СОНК и неговото влијание на работата на предучилишните установи.

Фото: Vlada.mk

Правото на штрајк е загарантирано, но и во такви услови вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите, односно непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Во соопштението од МТСП стои:

„Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.

МТСП бара почитување на законската одредба за функционирање за време на штрајк

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

СОНК најави штрајк во училиштата и градинките на 11 април

Сите предучилишни установи треба да го почитуваат Законот, Уставот на Република Северна Македонија и Конвенцијата за правата на детето и да го организираат згрижувачко воспитниот процес.

Поради тоа ја известуваме јавноста и родителите дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права,  наша заедничка одговорност.“

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?