ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2025
Мултикултурализмот ќе се поддржува со грантови од МОН
Автор: Goce Editor

Министерството за образование и наука и годинава објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 60.000,00 денари, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

„Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент„ ,  велат од МОН.

Грантови за унапредување на меѓуетничката интеграција

Аплицирањето трае до 01.12.2025 година, а пријавувањето може да се направи на електронскиот систем за услуги на министерството https://e-uslugi.mon.gov.mk во менито за меѓуетничка интеграција.

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на e-uslugi.mon.gov.mk, потребно е училиштата да  се најават со официјалните кориснички сметки на @schools.mk кои се веќе регистрирани.

На веб страната на МОН се објавени и насоките за начинот на аплицирање за овие грантови.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите