ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.04.2023
Музејот во Штип со отворени врати за посетителите
Автор: Goce Author

Музејот во Штип денеска бесплатно беше отворен за сите посетители, во чест на Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети. Формиран во 1950 година, денес има три постојани поставки од областите на археологијата, историјата и етнологијата.

Првата музејска поставка во Штип е отворена на 11 октомври 1950 година во Хуса-Медин-Пашината џамија. Од 1985 година Музејот е сместен во куѓата на семејството Арсови, а денес комплексот се состои од три згради, од кои едната е администартивен дел, а во другите две се сместени музејските поставки.

Најновата постојана поставка е всушност Музејот на Македонската револуционерна борба за Штип и Штипско 1893-1934, кој се наоѓа во Штипско Ново Село, во куќа со специфична новоселска архитектура. Таа куќа била во сопственост на семејството Андонови.

Отворен во 2014 година, во овој простор се сместени 12 восочни фигури на истакната дејци на организацијата, експонати на оружје, фотографии, етнолошки предмети.

Во куќата на семејствата Аневи-Гочеви е сместена Археолошката поставка, отворена во 2005 година. Изложени се 1326 предмети – накит, керамика, монети, дрвена резба, кремено орудие… Во долниот дел од куќата е сместена и Етнолошката поставка, која содржи над 400 предмети од минатите времиња, традицијата, начинот на живот и обичаите, старите занаети, носии. Оваа поставка го презентира богатото материјално и духовно наследство и е значаен дел од идентитетит на македонскиот народ.

(Видео) Еве како изгледа традиционалното качување на штипскиот Исар

Многу значајни и видни штипјани, кои ја одбележале историјата на градот и регионот може да се видат во Историската поставка „Штип низ историјата од I до ХХ век“. Содржи над 100 вредно експонати, од кои околу половината фотографии, потоа оружје, документи, ордени, плакети….

Во рамките ма Завод и Музеј Штип се и Уметничката галерија Безистен, Спомен куќата на народниот херој Славчо Стојменски, локаитетот Баргала, Хуас-Медин-Пашината џамија, Споменикот на Евреите, галериите на икони во Црквите „Успение на Пресв ета Богородица“ и „Свети Никола“, како и средновековната тврдина Исар.

Младите создаваат во својата земја
Симболиката на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба