
МВР во акција за превенирање на употреба на петарди и други пиротехнички средства за време на празниците кои доаѓаат.

Претставници од МВР во соработка со Клиниката за пластична хирургија од Скопје ги посетиле и основните училишта низ државата укажувајќи им на опасностите по здравјето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Според лекарите, употребата на пиротехничките средства доведува до сериозни повреди на телото на луѓето. Ова е почеста појава од што мислиме, велат тие.
Заедничката активност на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје е насловена „Петарди НЕ, безбедност пред се“.

Покрај ова, учениците поблиску биле запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства. Тие биле информирани и дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.
Полиција и лекари, покрај во Скопје, предавања одржале во средни училишта во Охрид, Струга, Штип, Пехчево и Неготино.